Економија

РАСТЕ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО, ЗЛАТНИТЕ РЕЗЕРВИ ВО СВЕТОТ ЌЕ СЕ ИСКОРИСТАТ ЗА 15 ГОДИНИ!

30.12.2024

Цената на златото во изминатава година се зголеми за 30 отсто, а се повеќе инвеститори и централни банки во светот вложуваат во овој благороден метал. Во 2023 година во светот биле произведени 3.700 тони злато, според податоците на Светскиот сојуз за злато. Ова е најголемо годишно производство во последните пет години. Прогнозите се дека во подземните резерви лежат околу 57.000 тони злато, што значи дека тие би биле исцрпени за 15 години, доколку не се најдат нови наоѓалишта на злато.

Понудата на злато доаѓа најмногу од пет земји кои покриваат повеќе од 30 отсто од годишните потребни за злато.

Кина е најголем производител на злато во светот со производство од 370 тони во една година. Во земјата има долгогодишна традиција на подарување на златни предмети, но инвестоторите златото го сметаат за посигурна инвестиција. Кина е и најголем потрошувач на злато, а само за девет месеци годинава Кинезите купиле 740 тони злато.

Русија е втора земја со производство на злато од 320 тони. Оваа земја располага и со најголеми златни резерви. Руската централна банка го користи монетарното злато како главно средство во меѓународните плаќања.  

Во Австралија годишно се произведуваат 290 тони злато и таа е главен извор за покривање на потребите на Велика Британија и нејзината централна банка.

Канада секоја година произведува по 190 тони злато, а по неа се САД со 165 тони злато, пренесува „Нова.рс“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано