Економија
ИТАЛИЈАНСКИОТ БУЏЕТ СО НАМАЛЕН ДЕФИЦИТ И СО БРОЈНИ ДАНОЧНИ ОЛЕСНУВАЊА!
29.12.2024
Горниот дом на италијанскиот парламент го донесе буџетот за 2025 година со кој се предвидува намалување на дефицитот на 3,3 отсто од бруто домашниот производ. Годинава буџетскиот дефицит ќе изнесува 3,8 отсто од вредноста на БДП.
Според Пактот за стабилност и раст, членките на Европската Унија не би требале да имаат дефицит од три отсто. Италија се наоѓа под притисок од преземање на европската процедура за прекумерниот јавен долг кој се приближува на 3.000 милијарди евра.
Актуелната влада даде ветување за намалување на долгот под три отсто во 2026 година. Италијанскиот завод за статистика за годинава ги намали прогнозите за економскиот раст на земјата која ќе оствари само 0,5 отсто, пренесе ДПА.
Со проекциите за намалување на буџетскиот дефицит предвидени се и повеќе социјални мерки. Намалувањето на социјалните придонеси и даноци, наместо до 35.000 евра ќе се применуваат на годишни приходи до 40.000 евра. За оние кои заработуваат под 28.000 евра годишно ќе плаќаат 23 отсто данок на доход наместо сегашните 25 отсто.
Италијанската влада работи на зголемување на наталитетот и родителите со годишни приходи до 40.000 евра за раѓање на секое дете ќе добие илјада евра. За купувачите на енергетски ефикасни апарати за домаќинство се одобрува бонус од сто евра, а домаќинствата со годишни приходи помали од 25.000 евра ќе добиваат бонус од 200 евра.
Компаниите кои ќе реинвестираат 80 отсто од добивката и вработат нови луѓе можат да ја користат намалената даночна стапка од 24 на 20 отсто, пренесува „Сеебиз“.
фото freepic