Економија
ДАЛИ ВО 2025 ГОДИНА НЕ ОЧЕКУВА ГЛОБАЛНО ПОСКАПУВАЊЕ НА ЛЕБОТ!
29.12.2024
Најголемиот светски извозник на пченица Русија значително ја намали својата извозна квота за почетокот на 2025 година, а овој потег може да има големо влијание на глобалниот пазар на храна и потенцијално да влијае на цената на лебот на пошироко ниво, пренесуваат светските медиуми.
Новата извозна квота ќе се применува од 15 февруари до 30 јуни следната година и со неа се дозволува извоз од 10,6 милиони тони пченица. Ова количество е помало за 29 милиони тони од минатата година. Во втората половина на 2025 година се предвидува извоз на руска пченица за дополнителни 25 милиони тони, доколку зимските посеви добро напредуваат, а следната жетва да биде на задоволително ниво.
Русија се соочува со повеќе предизвици во земјоделскиот сектор, а слабата жетва во 2024 година донесе 83 милиони тони пченица, во споредба со 92,8 милиони тони во 2023 година. Извозот се зголеми на рекордно ниво и ги намали домашните залихи на пченица. Инфлацијата во Русија достигна 8,5 отсто во октомври 2024 година, а владата се насочува кон задоволување на локалната потрошувачка.
Оваа состојба може да предизвика неизвесност на глобалниот пазар. Аналитичарите предвидуваат дека големите увозници на пченица како Египет и Турција ќе бидат принудени да бараат нови добавувачи, а тоа ќе влијае на зголемување на цената на пченицата, пренесува „Политика“.
фото freepic