Lifestyle
СЕКОЈ ПЕТТИ БРИТАНЕЦ ДОБИВА НЕПОСАКУВАН ПОДАРОК ЗА БОЖИЌ!
28.12.2024
Секој петти граѓанин на Велика Британија добил непосакуван подарок за новогодишните празници. Агенцијата Which анкетирала повеќе од две илјади лица за тоа што добиле како подарок за Божиќ во 2023 година, а 21 отсто испитаниците изјавиле дека подарокот бил несоодветен или не бил според нивните очекувања или желби, пренесува „Гардијан“.
На списокот на непожелни подорици се нашла и користена машина за сушење на алишта, која ја добила една девојка на 19 годишна возраст, а подарокот бил од нејзиното момче. На листата на „најчудни“ подароци биле и печено говедско месо за лице кое било вегетаријанец, како и гел за туширање но тоа бил истиот подарок од претходната година.
Околу една третина од испитаниците изјавиле дека непосакуваните подароци ги подариле на други лица или ги дале во хуманитарни цели, а некои ги продале на онлајн пазарот.
Како поволна околност се споменува тоа што многу од продавниците во Велика Британија дозволуваат да се врати производот во продавницата од каде е купен или да се замени за друг производ што ќе го избере примачот на подарокот.
Од Здружението за заштита на потрошувачите препорачуваат со подарокот да се „подари“ и сметката за да може подоцна да се врати производот. Ова од причина, што кај онлајн продажбата само нарачателот може да бара враќање на парите.
Истражувањата на британската пошта покажува дека во 2023 година вредноста на вратените божиќни производи изнесува 232 милиони фунти. Просечната вредност на подарокот изнесувала 74 фунти. Се проценува дека на депониите секоја година завршуваат непожелни подароци во вредност од 42 милиони фунти, пренесува „Бизлаив“.
фото freepic