Економија
И ГЕРМАНСКАТА ЛОКАЛНА АДМИНИСТРАЦИЈА СЕ СООЧУВА СО НЕДОСТИГ ОД РАБОТНИЦИ!
26.12.2024
До 2030 година службите во општинските самоуправи во Германија ќе се соочат со недостиг од 230.000 работници, предупредија од Здружението на градови и општини во Германија.
Генералниот директор на Здружението Андре Бергерер не ја исклучува и можноста од целосен колапс на градската јавна служба. Според него, 100.000 работни места во администрацијата на локалната самоуправа се непополнети поради недостиг на кадар. Во следните десет години половина милион од 1,65 милиони вработени ќе заминат во пензија, а тоа значи дека ќе останат непополнети 230.000 работни места, пренесува „Сеебиз“.
Бергерер предупредува и на опасноста од „постепени затемнување“, поради се поголемиот недoстиг на работници во другите сектори. Само во транспортниот сектор повеќе од 50.000 возачи на автобуси ќе заминат во пензија.
фото freepic