Економија

ЦРНА ГОРА ИЗДАВА 29 000 РАБОТНИ ДОЗВОЛИ ЗА СТРАНЦИ

25.12.2024

Владата на Црна Гора ја донесе Предлог одлуката за утврдување на годишниот број на дозволи за привремен престој и работа на странци за наредната година во износ од 28 990 дозволи.

Од годишната квота се издвојуваат 5.000 дозволи кои надлежниот државен орган  може дополнително да ги распореди за поединечни намени, во согласност со потребата на пазарот на труд.

- Од годишната квота 21 620 дозволи се издвојуваат за вработување на странци и 2 370 дозволи за сезонско вработување, се наведува во информацијата на Владата на Црна Гора.

Оваа одлука се применува од 1 јануари 2025 година, пренесуца РТЦГ.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО