Економија
БРИТАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО СТАГНАЦИЈА, ПОРАДИ ПОСЛАБОТО РАБОТЕЊЕ НА БАРОВИТЕ
24.12.2024
Економијата на Велика Британија е во стагнација во третиот квартал во 2024 година, а британската Канцеларија за национална статистика (ОНС) направи надолна ревизија на прелиминарната процена на кварталниот раст од 0,1 отсто.
Во британскиот сектор на услуги е забележана стагнација, а производството се намали за 0,4 отст, а градежнитвото се зголеми за 0,7 отсто.
Националната канцеларија за статистика ја ревидираше надолу процената за економскиот раст во вториот квартал годинава од 0,5 на 0,4 отсто.
- Британската економија е послаба во вториот и третиот квартал поради кризата во работењето на баровите и рестораните и во компаниите за огласување и правните фирми, изјави Лиз Макјун, директораката за економска статистика во ОНС.
фото freepic