Lifestyle

СРБИТЕ ИМААТ НАЈМНОГУ РЕГИСТРИРАНИ ЈАХТИ КОИ ПЛОВАТ ПОД ЦРНОГОРСКО ЗНАМЕ

20.12.2024

Во Црна Гора до октомври 2024 година во регистерот на пловила се запишани 494 јахти, односно 80 повеќе во споредба со минатата година. Од нив 149 јахти се во сопственост на граѓани или компании од Србија. Така, Србите ги надминаа државјаните на Русија кои имаат 125 јахти, а на трето место се сопственици од Црна Гора со 69 пловила.

На листата на сопственици на јахти кои пловат под црногорското знаме се и граѓани на САД (18 јахти), од Босна и Херцговина (13 јахти) и Германија со 8 регистрирани пловила.

Според видот на соственоста доминираат физичките лица  со 402 јахти, додека правните субјекти поседуваат 92 јахти. Како сопственици на јахти регистрирани во Црна Гора се јавуваат и државјани од Швајцарија, Италија, Казахстан ...

Во Црна Гора се регистрирани јахти во сопственост на држави и компании од 49 различни земји од светот. Меѓу нив се: Вануату, Сејшели, Маршалските Острови, Кувајт, Хонг Конг... пренесува РТЦГ.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО