Lifestyle

КИНА ЌЕ ГРАДИ НАЈГОЛЕМ АЕРОДРОМ НА ВЕШТАЧКИ ОСТРОВ

20.12.2024

Кина ќе го гради најголемиот аеродром во светот кој е направен на вештачки остров. Меѓународниот аеродром ќе се вика Џинџоу Беј, а ќе биде на површина од 20 квадратни километри  со четири писти и терминал за патници од 900.000 квадратни метри, пренесува  CNN.

Аеродромот ќе се наоѓа во градот Далијан, кој има 7,5 милиони жители. Операторите планираат да превезуваат 80 милиони патници годишно и да остварат 540 илјади летови. Првите летови би требало да почнат во 2035 година.

Со изградбата на овој аеродром ќе се надмине големината на Меѓународниот аеродром во Хонг Конг, кој се простира на 12,48 квадратни километри, кој е изграден на вештачки остров.

Најголем аеродром во светот е новиот аеродром во Истанбул со шест одвоени писти, со капацитет од 500 авиони, со паркинг простор за 70.000  возила и зграда за прием на патниците на површина од 1,3 милиони квадратни метри, пренесува Б92.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО