Lifestyle
ЗАРАДИ ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ НА ЖЕНИТЕ ГЕРМАНСКИТЕ ГРАДОВИ ДАВААТ ВАУЧЕРИ ЗА НОЌНО ТАКСИ
18.12.2024
Германскиот град Келн им доделува на жените ваучери за користење на такси во вечерните часови за да се вратат безбедно во своите домови. Ова е пилот проект кој се применува и во други делови на Германија, пренесува „Еуроњуз“.
Проектот за женско ноќно такси обезбедува вкупно 1.500 ваучери во вредност од 10 евра за жените и за лица на различна возраст за патување со такси во периодот меѓу 22 и 6 часот наутро. Оваа поволност за жителките на Келн ќе важи до август 2025 година.
Во Минхен ваучери за такси за жените се доделува од 2020 година. Слични апликации и услуги за подобрувањње на безбедноста на жените се применуваат и во Штутгарт, Манјам и Гисел.
Како заштитна мерка за жените се користи и услугата за телефонски разговори со волонтери кои разговараат со жените во текот на патувањето и ги забележуваат нивните информации кои би биле проследени до полицијата доколку се јави потреба.
Повеќе од две третини од германските жени се плашат да патуваат со јавен превоз кога ќе се стемни, според јавното истражување спроведено од полицијата во 2020 година.
фото freepic