Економија
ШВЕДСКА ЌЕ ВЛОЖУВА ВО НУКЛЕАРКИ ШТО ЌЕ ГИ ГРАДАТ ПРИВАТНИТЕ ИНВЕСТИТОРИ
18.12.2024
Шведска ги разгледува опциите за преземање на уделите во новите нуклеарни електрани, кои ќе бидат изградени од приватни инвеститори во наредните децении, за да може да ја задоволи побарувачката за електрична енергија без користење на фосилни горива, изјави Никлас Викман, шведскиот министер за економија.
Шведската влада предвидува до 2045 година потрошувачката за електрична енергија да се дуплира на околу 300 терават часови. За задоволување на овие потреби потребно е да се изградат два нуклеарни реактора. Владатата би учествувала во софинансирањето на трошоците за изградба кои се проценуваат на 35 милијарди евра, а тоа го прави поради ниската профитабилност на овие капацитети, а тоа го намалува интересирањето на приватните инвеститори да влезат во овие проекти.
Од надлежните институции во Шведска изразуваат подготвеност да обезбеди кредити за покривање на 75 отсто од вкупната сума и да издаде гаранции за цената на струјата на 40 години.
Критичарите ги наведуваат неповолните информации за изградбата за нуклеарни капацитети во Франција и Велика Британија кои биле многу поскапи од почетните процени, а затоа постои и ризик цената на крајот да ја платат даночните обврзници во Шведска. Земјата има за цел да достигне нулта ниво на нето емисии до 2045 година, пренесува „Еуроњуз“.
фото freepic