Економија
ФРАНЦУСКОТО ГРАДЕЖНИШТВО ВЛЕГУВА ВО КРИЗА, СЛЕДАТ ГОЛЕМИ ОТПУШТАЊА!
18.12.2024
Франција може следната година да изгуби 100.000 работни места во градежништвото, предупредија од Француската градежна федерација (ФФБ). Законот со кој се превидуваа нови мерки во станбената изградба за 2025 година е „замрзнат“ поради политичката криза, а тоа може да отвори бран на отпуштања во градежниот сектор, предупреди Оливије Салерон, претседател на ФФБ.
Според прогнозите за годинава, францускиот градежен сектор ќе забележи пад за 6,6 отсто, пред се поради застојот на изградбата на нови станови.
Новоградбата во Франција забележи пад за 15,6 отсто, а работите за одржување и санација се зголемени за скромни 1,2 отсто.
- Вработеноста годинава остана на ниско ниво, но на сметка на продуктивноста. Без поддршка на секторот во 2025 година ќе следи големо намалување во вработеноста во градежништвото, предупредуваат во ФФБ.
Очекувањата на оваа организација се дека новата изградба следната година ќе се намали за дополнителни 14,6 отсто, а изградбата на нови станбени згради за 14,2 отсто, пренесува „Фигаро“.
фото freepic