Економија
СЛОВЕНИЈА СО НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ОД ЗЕМЈИТЕ ВО „НОВАТА ЕВРОПА“
18.12.2024
Централна и Источна Европа забележаа многу силен раст на номиналните плати оваа година. Според Виенскиот институт за меѓународни економски студии, највисока просечна бруто плата во периодот од јануари до септември 2024 година е забележана во Словенија, со 2.337 евра. Таа е и единствената земја во овој регион на „новата Европа“ во рамките на ЕУ која има плата над 2.000 евра.
Следува Полска со 1.889 евра, Хрватска со 1.800 евра (која ја надмина Чешка со 1.795 евра), додека нешто пониски просечни бруто плати се забележани во Романија (1.684 евра), Унгарија (1.619) и Словачка (1.484 евра), пренесува „Сеебиз“.
Во Србија просечната бруто плата во споменатиот период изнесува 1.141 евро, што е нешто помалку од бугарските 1.160 евра.
Силен раст на реалните плати има во поширокиот регион, во Полска (14,5%), Бугарија (12,9%), Унгарија (7%), Хрватска (10,8%), Србија (9,4%), Романија (9,1%). ), Словачка (4,1%) и Словенија (4,8%).
Само во Чешка има реален пад на платите за 1,8%.
Платите во еврозоната се зголемени за 4,4 отсто на годишно ниво во третиот квартал од 2024 година, а во вториот квартал растот од 4,9 отсто, објави Евростат.
фото freepic