Lifestyle
КАКО ДА ОДБЕРЕТЕ ПОДАРОК ЗА „СИКРЕТ САНТА“ ЗА КОЛЕГИТЕ?
17.12.2024
Популарната размена на подароци меѓу колегите на работа, позната како „Сикрет Санта“ наоѓа примена и во домашните компании. Но тоа може да претставува и специфична задача која ја става на тест креативноста на секој вработен кој треба да избере подарок што ќе му се допадне на колегата, а тоа да биде во рамките на пристојниот буџет.
Советниците за деловен бонтон посочуваат на неколку правила при изборот на новогодишниот подарок за избраниот колега. Прво треба да се познава вкусот на колегата/колешката, но ако не сте сигурни во ова, тогаш треба да се избере предмет кој ќе му биде од корист. При изборот секогаш држете се на однапред определениот буџет.
Така, најпрактични предлози за подароци на колега се: термос, кој може да биде практичен за вработените кои пијат чај или кафе! Во оваа категорија влегува и персонализирана чаша со некоја порака или интересен дизајн. Втор предлог за подарок за мажи може да биде козметички сет за негување на косата или брадата, а може да бидат и хидратантни производи за лице. Доколку вашиот колега присуствува често на состаноци и на формални настани најдобар избор за подарок е кравата, а изборот на дизајнот зависи од креативноста на тој што подарува.
За колешките најдобар „колегијален“ предновогодишен подарок се миризливите свеќи со пријатни и егзотични мириси. Овој подарок може да послужи за опуштање по напорниот работен ден. За колешките кои се на повисоко организациско ниво може да им се подари некој квалитетен планер или нотес. Се препорачува тие да бидат со оригинален дизајн или со инспиративни цитати од животот или мисли од бодечки ликови во бизнисот. Како алтернатива се препорачува и роковник со пенкало и сл.
Како практичен поклон за жените се сметаат марами, шалови или ракавици, а најдобро е да се избираат неутрални бои или класични дезени, за да може да се комбинираат со различни стилови на облека. Во оваа група на подароци влегуваат и книги, чорапи, пијалок, украс за домашна употреба, козметички сет и слично, пренесува „Бизлаив“.
фото freepic