Финансии / Банкарство

ОД ХРВАТСКА ЗА ПЛАТИ ЗА СТРАНСКИТЕ РАБОТНИЦИ СЕ ОДЛЕАЛЕ 1,4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

17.12.2024

Со зголемувањето на странски работници во Хрватска се зголеми и вредноста на одливот на приватните девизни дознаки од земјата, а само лани биле за 330 милиони евра поголеми од 2022 година.

Во текот на 2023 година резидентите во Европската Унија во своите матични земји испратиле 51 милијарда евра, што е зголемување за осум отсто на годишно ниво. Иселениците во Хрватска испратиле 7,2 отсто од БДП  или 5,61 милијарди евра. Трансферите на приватните сметки на граѓаните вклучуваат дознаките или другите облици на помош, платите на привремено вработени во странство, пензиите кои им се исплатуваат на хрватските граѓани кои работеле во странство.

Одливот на девизи кои ги испраќаат странските работници од Хрватска лани изнесувале 1,4 милијарди евра. Во првата половина годинава од Хрватска се одлеале 787 милиони евра по основ на приватни дознаки, најмногу во Босна и Херцеговина, Србија, Непал, Филипини и Македонија, пренесува „Пословни дневник“.


фото freepic 

 

 

 

ПРЕПОРАЧАНО