Lifestyle

ДЕЦАТА ВО БРИТАНИЈА СЕ ДЕБЕЛЕАТ, ЗАБРАНА ЗА РЕКЛАМИРАЊЕ НА БРЗА ХРАНА

06.12.2024

Велика Британија го забранува телевизиското рекламирање на брза храна која е богата со шеќер преку ден кога програмата ја следат и децата. Оваа забрана е донесена поради ширењето на дебелеењето кај најмладата популација, кое е предизвикано од нездравата исхрана, пренесува „Бизнис и финансии“.

Според податоците на државниот здравствен систем (НХС), секое дете на четири години во Британија е дебело, а секое петто дете има кариес на забите поради слатката исхрана.

Од октомври следната година мафините, гранолите, хамбургерите, засладените пијалоци и слични прехранбени производи ќе можат да се рекламираат по 21 часот навечер, бидејќи се смета дека децата спијат во овој период од денот. Властите во Велика Британија проценуваат дека годишно на овој начин бројот на дебели деца ќе се намали за 20.000.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО