Lifestyle

ОЛИВИЈА Е НАЈПОПУЛАРНО ИМЕ ВО АНГЛИЈА И ВЕЛС, А НАЈПОПУЛАРНО МАШКО ИМЕ Е...

05.12.2024

Во 2023 година во Англија и Велс најпопуларно име на машко дете  било Мухамед, а со ова име биле регистрирани 4.600 деца, пишува BBC. Мухамед е на листата со десет најпопуларни имиња. Претходно најпопуларното машко име беше Ноа, покажуваат податоците од Управата за национална статистика.

Во регионите има разлика во популарноста на имињата, а Мухамед не се  нашло меѓу десет најпопуларни имиња во три региони во Англија.  Но, различните варијации на имиња изведени од Мухамед, се сметаат за посебни лични имиња.

Оливија останува најпопуларно име за девојчињата, а следат Амелија и Ајла. Овие имиња се на врвот на листата од 2022 година.

На пописот на 100 најпопуларни имиња се Лајла/Лила, Раја и Хејзел, додека Џекс, Енцо и Боди се меѓу најпопуларните имиња за деца, пренесува „Индекс.хр“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО