Lifestyle

ГЕРМАНИЈА И ДАНСКА СЕ ПОВРЗУВААТ СО ТУНЕЛ НА ДНОТО НА БАЛТИЧКОТО МОРЕ

04.12.2024

Германија и Данска градат тунел под Балтичкото Море со кој патувањето меѓу Хамбург и Копенхаген ќе се намали од пет часа на 150 минути. Градежните работи на тунелот Фехмарнбелт се почнати во 2022 година и ќе чинат околу седум милијарди евра. Сообраќајот преку овој тунел ќе биде пуштен во 2029 година.

Подводниот тунел ќе биде долг 18 километри и ќе биде 40 метри под морската површина и ќе има пет галерии: две за патнички и две за железнички сообраќај и една галерија за итни случаи.

Овој тунел е дел од сообраќајната траса на Е47 која ги поврзува Германија со Шведска и поминува низ данскиот главен град Копенхаген. Патувањето со воз низ тунелот ќе трае само седум минути.

Тунелот претставува бетонска конструкција од 89 огромни бетонски модули кои поминуваат низ дното на морето. Секој модул е долг 217 метри и широк 42 метра и тие се спојуваат на морското дно, пренесува „Политика“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО