Економија
ЕВРОПА ГУБИ МИЛИЈАРДА ЕВРА ПОРАДИ БОЛЕДУВАЊЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ
04.12.2024
Над милијарда евра се трошоците во Европа поради зголемувањето на бројот на неработни денови со користење на боледување на работниците во Европа. Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во својот извештај забележува дека во 2022 година најголем број на денови поминати на боледување имале работниците во Норвешка и тоа во просек од 27,5 дена. Ова е најголемо ниво во последните 15 години.
Во Велика Британија бројот на неактивни работно способни луѓе се зголеми за речиси 800.000 од почетокот на 2020 година. Отстуството од работа ја чини земјата околу 40 милијарди евра годишно.
Работодавачите во Германија за минатата година потрошиле 77 милијарди евра за боледувањето на вработените, а земјата губи околу 200 милијарди евра годишно поради боледувањето на работниците, покажуваат процените на германската влада, пренесува Б92.
фото freepic