Lifestyle
Шведска го вклучи најбрзиот електричен траект во јавниот превоз
04.12.2024
Шведска направи уште еден чекор кон поодржлив јавен транспорт со пуштање во сообраќај на електричниот ферибот SWE Nova, јави Анадолија.
Шведската компанија Кандела стана првиот производител на електрични фериботи што воведе таков брод во јавниот сервис.
Компјутерски контролираните крила на хидроглисерот го креваат трупот на бродот над водата, намалувајќи ја потрошувачката на енергија за 80 отсто во споредба со конвенционалните пловила, а со тоа го намалува триењето на водата.
Електричниот траект има капацитет од 25 патници и нуди еколошка алтернатива во урбаниот поморски транспорт.
Производителите наведуваат дека SWE Nova е најбрзиот електричен ферибот во светот, а воедно и најбрзиот брод во флотата на јавниот транспорт во Стокхолм.
Покрај намалената потрошувачка на енергија, SWE Nova на патниците им нуди тивко и стабилно крстарење, со минимално влијание врз животната средина.
Овој проект означува важен чекор во напорите на Шведска да ја постигне амбициозната цел за намалување на емисиите на јаглерод диоксид и подобрување на еколошките стандарди во транспортот.
Извор/фото МИА