Lifestyle

МАЖИТЕ ВО ИТАЛИЈА ПОВЕЌЕ ГОТВАТ ОД ЖЕНИТЕ, НО...

01.12.2024

Мажите во Италија готват двапати повеќе од жените, а оваа земја е единствена во Европа која е „отпорна“ на глобалните трендови кои ја истакуваат доминацијата на жените во кујната, пишува ЦБС њуз.

- За Италијанците времето поминато во готвење е слично на религијата. Готвењето го собира семејството, а бидејќи жените се повеќе се вклучуваат на пазарот на труд, се менува и машкиот идентитет во Италија. Мажите сакаат да формираат групи и семејства и да го одржат наследеното однесување од минатото, вели Емилијана Де Блазио, социолог од римскиот универзитет ЛУИСС.

Мажите се најчести посетители на часовите за готвење во Италија. Тие сакаат да готват и дома и да уживаат да го прават за своите партнерки. Меѓутоа, традиционалните родови улоги не се промениле и жените во Италија и натаму повеќе ги мијат чиниите по завршувањето на оброкот.

- Вообичаено мажите не ја чистат кујната. Но ова е проблем на кој можеме да работиме и можеме да го подобриме, изјави Емилијана Де Блазио, пренесува „Бизнис и финансии“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО