Lifestyle
БОЖИК НАЈПОПУЛАРЕН ПЕРИОД ЗА КУПУВАЊЕ НА ВЕРЕНИЧКИ ПРСТЕНИ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
30.11.2024
Празничниот период околу Божик и Нова година се меѓу најпопуларните периоди за веридба во Велика Британија. Ова е прилика кога поголемиот дел од мажите во Британија да издвојат за веренички прстен меѓу 1.000 и 5.000 фунти (од 1.200 до 6.000 евра), покажала анкетата на Скај њуз.
Во друга спроведена анкета, за најбарани веренички прстени се оние „облагородени“ со смарагди, а следат прстените со дијаманти и сафир.
На прашањето колку пари се трошат за веренички прстен во анкетата на Скај њуз најмногу одговори биле дека тоа е сума во висина на двомесечна плата.
Според Канцеларијата за национална статистика, просечната месечна плата во Велика Британија е 2.297 фунти (2.765 евра) . Според неформалните правила за венчавање во Велика Британија, секој просечен Британец за најзначајниот миг во животот односно за прстен за запросување на најсаканата во неговиот живот е подготвен да издвои 4.594 фунти (5.531 евра), пренесува „Евроњуз“.
фото freepic