Lifestyle
ВО САУДИСКА АРАБИЈА СЕ ГРАДИ СТАДИОН СО ЗЕЛЕН КРОВ И ПЕШАЧКИ ПАТЕКИ
30.11.2024
Саудиска Арабија продолжува со модернизацијата на својата урбана и спортска инфраструктура и најави изградба на една од најголемите стадиони во светот со име Крал Салман. Стадионот ќе биде сместен во Ријад и ќе биде со капацитет од 92.000 места.
Овој спорстки објект ќе биде најголем стадион во Саудиска Арабија, а ќе има главна трибина, луксузни ложи, кралска ложа, 2.500 вип седишта.
Идејното архитектонско решение на стадионот претставува семе кое никнува од земјата со што го симбилизира спортот од основно до врвно ниво.
Стадионот ќе има зелен кров со патеки за шетање, а ќе има и внатрешни градини, ѕидови за „планинарење“ и аква центар со олимписки базен. Во близина ќе има и атлетски стадион и патеки за трчање, кои ќе поминуваат низ парк.
Стадионот ќе биде примарна база за националниот фудбалски тим на Саудиска Арабија. Завршување на градежните реаботи е предвидено за крајот на 2029 година, пренесува Б92.
фото freepic