Вести

Суспендирани над 10.000 ученици во Грција поради употреба на мобилен телефон за време на настава

29.11.2024

Од почетокот на учебната година во Грција, поради употреба на мобилен телефон за време на наставата суспендирани биле 10.700 ученици, според министерот за образование, религија и спорт на Грција Кирјакос Пиеракакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за грчката телевизија „Опен“, Пиеракакис рече дека конкретната мерка воведена за првпат оваа година е целосно поддржана како од професорите и наставниците, така и од родителите на учениците.

- Според едно истражување 86 отсто од јавното мислење ја поддржува мерката. Во пракса, мерката ја прифатија и просветните работници, затоа и е успешна, ја прифатија и професорите и наставниците и родителите, истакна Пиеракис. 

Во однос на изречените над 10.000 суспензии, посочи дека тоа „не е доказ за успешност, туку доказ дека мерката се спроведува“, а главната цел е заштита на децата. 

На 11 септември започна новата учебна година во Грција, една од новините воведени беше и забраната за користење на мобилните телефони за време на наставата, а кога беше презентирана мерката, грчкиот премиер истакна дека слоганот оваа година е „мобилниот во ранец“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано