Lifestyle
МАКЕДОНЦИТЕ СО НАЈВИСОКО НИВО НА ИСКАЖАН СТРАВ, ЦРНОГОРЦИТЕ СЕ „НАЈХРАБРИ“
28.11.2024
Најголема загриженост кај населението во Централна Европа предизвикуваат климатските промени и глобалнотo загревање. Највисока загриженост била искажана во четири земји: Унгарија (3,55), Хрватска (3,18), Србија (3,13) и во Црна Гора (2,75), покажала најновата студија за барометар на стравот во 2024 година, спроведена во 12 земји во регионот од компанијата Чепер.
Економските потешкотии се високо на ранг листата од стравовите што го искажале граѓаните од Македонија, со висок индекс од 3,86. Сличен тренд на економска неизвесност има и во Полска (3,56) и Романија (3,46).
Геополитичките тензии дополнително го зголемуваат нивото на анксиозност кај населението во поширокиот регион. Стравот од „војна кај соседите“ се зголемува постојано од 2020 година со 27 отсто од испитаниците ја посочиле војната како една од најголемите грижи. Во 2024 година овој процент достигнува до 50 отсто.
Во Бугарија доминантен е стравот од војна, во Австрија тоа е миграцијата. Самотијата е најмал проблем за жителите на Централна Европа.
Според индексот базиран на 11 идентификувани облици на страв, Црногорците најмалку се плашат (-0,53), додека граѓаните во Македонија покажуваат највисоки знаци на страв (0,7). Генерално жените покажуваат повисоко ниво на страв од мажите, пренесува „Политика“.