Финансии / Банкарство

ОКТОМВРИСКИ РАСТ НА ИНФЛАЦИЈАТА ВО САД

27.11.2024

Инфлацијата во САД се зголеми во октомври, а ова најверојатно ќе влијае и на креаторите на монетарната политика да бидат внимателни  при одлуката за намалување на каматните стапки.  Индексот на расходите за лична потрошувачка (PCE) се зголеми за 2,3 отсто на меѓугодишно ниво,  а тоа е важен индикатор за инфлацијата за американската централна банка ФЕД. На месечно ниво овој индекс порасна за 0,2 отсто.

Базниот индекс на расходите за личната потрошувачка се зголеми за 2,8 отсто во октомври, а ова е „забрзување“ во однос на септемвриските 2,7 отсто, објави Канцеларијата за економска анализа (БЕА). Базниот индекс на меѓумесечно ниво се зголеми за 0,3 отсто, пренесе „Политика“.  


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО