Економија

ПРОДОЛЖУВА РАСТОТ НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА

27.11.2024

Во последните 18 месеци Европа е зафатена од значителен пораст на цените на основните животни намирници. Главна причина за растот на цените во маркетите се инфлацијата, проблемите со глобалните синџири за снабдување, сушите и војната во Украина.

ФАО индексот на цените на храна во септември изнесуваше 124,4 поени, што е за три отсто повеќе во однос на август, а за 2,1 отсто повеќе од 2022 година.

Најголем раст на индексот на цените во септември има кај шеќерот, кој се зголеми за 10,4 отсто поради намалените приноси во Бразил.

Индексот на цените за млечните производи се зголемил за четири отсто, поради намаленото производство. Цените на месото покажуваат стабилност,  но со благ раст од 0,4 отсто, пренесува „Еуроњуз“.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано