Lifestyle
ПАРИЖАНИТЕ ГО НАПУШТААТ ЦЕНТРАЛНИОТ ДЕЛ НА ГРАДОТ!
27.11.2024
Од централниот дел на Париз во последните години се забележува значителен пад на бројот на жителите, а процените се дека годишно околу 10.000 луѓе го напуштаат овој дел од градот. Градските власти се обидуваат да го намалат негативниот тренд.
Во потесното градско подрачје во Париз има околу 2,1 милион жители, што е помалку за 140.000 во споредба со 2013 година. Во поширокиот регион на градот живеат над 12 милиони луѓе.
Градскиот совет на Париз го подготвува новиот урбанистички план во најгусто населениот регион, а целта е да се зголеми квалитетот на живот во градот за да се спречи одливот на семејствата и средниот слој на граѓани.
Главните мерки се насочени на зголемување на достапноста на поволни станбени единици и прилагодување на градбите на климатските промени. Но овој план наиде на жестоки критики на опозицијата, пренесува „Пословни пулс“.
фото freepic