Lifestyle

ЦРНОГОРЦИТЕ НА ПРИМОРЈЕТО НАЈМНОГУ ЗБОРУВААТ АНГЛИСКИ, А НА СЕВЕРОТ НАЈМНОГУ...

26.11.2024

Бројот на жители на возраст од 15 и повеќе години во Црна Гора кои зборуваат странски јазик е 229.558, што е 45 отсто од вкупниот број жители на таа возрасна категорија, покажуваат податоците на Монстат врз основа на резултатите од минатогодишниот попис на населението.

Еден странски јазик зборуваат 164.180 луѓе, два странски јазици 53.261, а три или повеќе странски јазици 12.117 луѓе.

-       Најголем процент од жителите знаат англиски, 37,97% ,  руски знаат 7,46% ,  4,83% италијански, 3,72% германски, 2,01% француски и шпански знаат 1,02% од населението на возраст од 15 и повеќе години, се наведува во соопштението на Монстат.

Уделот на жители кои знаат англиски е најголем во крајбрежните општини, и тоа Будва (54,06%), Котор (54,05%), Тиват (51,15%) и Херцег Нови (47,02%),  Подгорица со 46,83% од жителите на возраст над 15 години кои зборуваат англиски јазик.

Највисок процент на познавање на руски јазик е забележан во Жабљак - 18,27%, Мојковац 15,67%, Шавник 15,43%, Плужине 14,51% и Колашин 13,25%.

Италијанскиот јазик е познат во најголем процент во Котор - 14,88%. Најголем процент на познавање на германски јазик има во Улцињ - 12,12%.

Гледајќи по пол, женскиот пол има поголем процент на познавање на речиси сите наведени странски јазици, освен германскиот, каде што е позастапен машкиот пол, 53,62% наспроти 46,38% во корист на машкиот пол.

Најголема доминација на женскиот пол има во познавањето на францускиот (61,46% наспроти 38,54%) и шпанскиот (65,69% наспроти 34,31%), објави Монстат.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО