Lifestyle

ВО ИДНИНА ЌЕ СЕ РАБОТИ ТРИ ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА ПОРАДИ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА!

25.11.2024

Идните генерации ќе работат еден ден и половина помалку секоја недела, благодарение на придобивките од вештачката интелегенција, додека луѓето ќе доживеат стогодишна старост, предвидува Џејми Димон, генералниот директор на JP Morgan.

Голем број од вработените во најголемата американска банка веќе ја користат оваа технологија, а вештачката интелегенција е „жива материја“ која ќе се менува во историјата, изјавил Димон во изјава за Блумберг ТВ.

Во неодамнешните извештаи на Голдман Сакс се предвидува дека околу 300 милиони работни места ќе бидат изгубени поради технологијата, притоа една четвртина од американската работна сила  се плаши дека ќе изгуби поради вештачката интелегенција.

Други извештаи откриваат дека генеративната вештачка интелегенција и другите технологии во развој имаат потенцијал да ги автоматизираат задачите, кои заземаат 60 до 70 отсто од времето на вработените, пренесува „Бонитет“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано