Економија
ЦЕНИТЕ НА КАКАОТО, КАФЕТО, ЧАЈОТ ЌЕ ЈА ЗГОЛЕМАТ ВРЕДНОСТА НА ГЛОБАЛНИОТ УВОЗ ВО БОГАТИТЕ ЗЕМЈИ
14.11.2024
Глобалниот увоз на храна ќе се зголеми за 2,2 отсто во однос на претходната година и ќе надмине два трилиона долари во 2024 година, поради високите цени на какаото, кафето и чајот и на увозот на овошје и зеленчук, се наведува во извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).
Трошоците за увоз на какаото, кафето и чајот ќе се зголемат за 22,9 отсто. Цените на какаото се зголемиле за четири пати од дестгодишниот просек, цените на кафето се поголеми за двапати и на чајот се зголемиле за 15 отсто.
Извозот на овие производи игра важна улога во економиите на многу земји. Приходите од извозот на кафе во Бурунди и Етиопија покриваат речиси 40 отсто од нивните сметки за увоз на храна. Во Шри Ланка овој дел е околу 50 отсто, додека извозот на какаото од Брегот на Слоновата Коска ги покрива трошоците за увоз на храна во земјата.
Земјите со висок доход учествуваат со две третини од вредноста на глобалниот увоз на храната и ќе се соочат со повисоки трошоци од 4,4 отсто во 2024 година. Во 2024 година производството на пченица и крупни житарки ќе се намали, но ќе бидат над нивото на искористеноста. Производството на ориз ќе се зголеми. Производството на месо и млечни производи ќе се зголеми умерено, пренесува „Сеебиз“.
фото freepic