Економија

ФРАНЦИЈА ЌЕ БИДЕ ПОДГОТВЕНА ДА ГИ БРАНИ СВОИТЕ ИНТЕРЕСИ ОД АМЕРИКАНСКИТЕ ЦАРИНИ, изјавил францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро

12.11.2024

Франција ќе биде подготвена да ги брани своите интереси „без страв“, посебно земјоделските и индустриските интереси, доколку новата американска администрација на Доналд Трамп преземе економски мерки кои се сметаат за протекционистички, предупреди денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, во интервјуто за француските медиуми, телевизија Франс 24 и радио РФИ.  

Доналд Трамп предупреди дека царините остануваат основа на неговата трговска политика, со воведувањето на доплата од десет до 20 отсто на сите странски производи кои се увезуваат во САД.

- Со примената на дополнителни увозни такси ќе бидат тешко казнети и многу американски компании кои се основани во Франција или во Европа, а кои потоа извезуваат на американскиот пазар, изјави Баро, пренесува „Бизнис.рс“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано