Lifestyle

ФРАНЦУСКИТЕ ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ ПЛАЌААТ ЗА ПРИВИЛЕГИИТЕ НА 11 ПОРАНЕШНИ ПРЕМИЕРИ

10.11.2024

За поранешните 11 француски премиери граѓаните на Франција, преку државниот буџет минатата година, платиле 1,23 милиони евра, што е зголемување за 27 отсто во споредба со 2022 година. Парите кои се издвојуваат од даночните обврзници се потрошени за користење автомобили, возачи, секретарки...

На листата на поранешни претседатели на влади кои користат буџетски бенефиции се и Доминик де Вилпен, Жан-Пјер Рафарен и Лионел Жопен, кои биле на овие функции пред повеќе од 15 години. Секој од нив минатата година потрошил по 160.000 евра државни пари, пренесува „Политико“.

Во трошоците за поранешните француски функционери не се пресметани пензиите и трошоците за обезбедување кои ги плаќа Министерството за внатрешни работи.

Поранешните премиери користат државни бенефиции со декретот што е донесен во 2019 година. Оваа тема се отвори во периодот кога се намалува јавната потрошувачка за 40 милијарди евра за наредната година, и планот за зголемување на даночните приходи за 20 милијарди евра во буџетот за 2025 година, пренесува „Политика“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано