Lifestyle
ДОБРОНАМЕРНИТЕ ХАКЕРИ ВО ГЕРМАНИЈА НЕМА ДА СЕ КАЗНУВААТ ПОД ТРИ УСЛОВИ
05.11.2024
Лицата кои ја испитуваат заштитата на ИТ податоците со цел да помогнат при откривањето на слабостите на некој софтверски систем нема да бидат казнети, ова се предвидува во нацрт законот што го изработи Министерството за правосудство на Германија, во рамките на правосудните реформи на компјутерската безбедност.
Во предложениот текст на законот, кој е испратен на разгледување до германските покраини и релевантнте институции, се предвидува помилување за добронамерните хакери, но се пропишуваат остри казни за злонамерните лица, кои ја пробиваат дигиталната заштита за кражба на податоци и пари.
Како пример за професионално хакирање се споменуваат делата за стекнување на противзаконска добивка, здружување во криминални групи и нанесување на големи загуби за компаниите и граѓаните. Во законот се опфатени и „нападите“ на лицата од странство, кои ја загрозуваат функционалноста на инфраструктурата или безбедноста на Германија.
За овие дела се предвидува казна од три месеци до три години затвор, наместо сегашните условни казни или завршуваат со најмногу две години за кражба на податоци.
Добронамерните хакери, кои ќе ја пробијат некоја заштита со намера да ја подобрат, мораат да исполнат неколку услови. Првиот е лицето пробивањето на заштитата да ја направил со намера за да ja откриe слабоста при обезбедувањето на податоците. Вториот е за тоа да ја информираат фирмата што го поседува конкретниот систем, а третиот услов е тоа да бил единствен обид за да се открие слабоста, објави ДПА.
фото freepic