Lifestyle

ВО АКЦИЈА НА ЕВРОПСКИТЕ ПОЛИЦИИ ОДЗЕМЕНИ СЕ НАД 140 ИЛЈАДИ ФАЛСИФИКУВАНИ БАНКНОТИ

30.10.2024

Повеќе од 14 милиони фалсификувани евра се одземени во акција на полицијата и царината од 18 земји, во која се вклучи и Европол. Во оваа акција против дистрибуцијата на фалсификувани пари и монети преку поштенските услуги ширум Европа  беа вклучени институциите во: Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Шпанија, Турција, Англија и Србија.

Полицијата одземала вкупно 148.130 фалсификувани банкноти, од нив 134.949 беа во евра, а другите беа во британски фунти и американски долари.

Најмногу од лажните пари беа во „вредност“ од 50 евра и од 20 евра, се наведува во соопштението на Европол, пренесе „Бизлаив“.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО