Економија

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА СО МИНИМАЛЕН РАСТ ВО ТРЕТИОТ КВАРТАЛ

30.10.2024

Германската економија изненадувачки зајакна во третиот квартал за 0,2 отсто, поради растот на јавната и приватната потрошувачка, покажува првата проценка на германскиот завод за статистика. Економистите кои ги нанкетираше агенцијата „Ројтерс“ очекуваа намалување на економскиот раст или квартален пад на БДП за 0,1 отсто.

Германската економија во вториот квартал 2024 забележа пад на БДП за 0,3 отсто.

Стапката на невработеност во најголемата европска економија остана на шест отсто.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО