Lifestyle

КАКО ДА ЗАШТЕДИТЕ СТРУЈА ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА МАШИНА ЗА ПЕРЕЊЕ?

27.10.2024

Во зимскиот период сметките за потрошена електрична енергија се зголемуваат. Многу наши сограѓани се принудени да ја контролираат потрошувачката поради ниските просечни плати, но и поради најавеното зголемување на цената на струјата. Деновиве во медиумите се објавуваат совети од експерти како да се заштеди струја во текот на најстудените месеци во годината. Британска организација објави список на апарати во домаќинството кои се најголеми потрошувачи на струја, а тоа се фрижидерот, бојлер и машината за перење алишта.  

Според оваа организација, машината за перење на алишта користи  14 отсто од потрошената струја. Експертите советуваат овој апарат да се користи во термините за евтина струја, но посочуваат и на други начини како да се штеди.Машината за перење алишта троши двапати повеќе струја и затоа што корисниците не водат сметка за програмите кои ги користат за перење на различна облека, пишува „Нова рс“.

Ставањето на повеќе детергент при перењето не само што ги оштетува алиштата, туку и ја зголемува потрошувачката на струјата. На секое пакување има упатство колку треба да се стави детергент во машината. Повеќе детергент не значи и почисти алишта. Но тој ги оштетува и одводите во машината, а  вишокот на детергент се таложи на деловите и самата машина ќе троши и повеќе струја, велат електричарите.  

Многу жени избираат програми кои трошат голема количина на вода. Но секоја програма има различно ниво на температура и на центрифуга, која директно влијаат на потрошената енергија. Повеќе струја се троши на поголема центрифуга. Програмите за најнежните ткаенини трошат и најмногу вода и енергија.

-  Облеката која ја носите еднаш, а тоа се најчесто ткаенини од памук, полиестер, лен се перат на температура од 40 степени, за да не се згужваат и оштетат. Но машината поставена на 40 степени користи двапати повеќе енергија од програмата поставена на 30 степени. Затоа перете ги алиштата на 30  степени, пешкирите на 60 степени, за да заштедите струја и вода, советуваат електричарите.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО