Lifestyle
ИТАЛИЈАНЦИТЕ ТРОШАТ НЕКОЛКУ МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА УБАВИНА, НАЈМНОГУ ПАРИ ДАВААТ ЗА СРЕДУВАЊЕ НА...
27.10.2024
Италијанците годишно трошат околу 24 милијарди евра за подобрување на личната убавина. Овие средства се трошат за нега на телото, за третмани за убавина, фризери и за разни производи. Потрошувачката за козметика во Италија е зголемена за 31,5 отсто во последните десет години, објави еко-дерматолошкото здружение Скинеко.
Во 2023 година Италијанците во просек за нега и убавина за едно семејство потрошиле околу 929 евра . За препарати за хигиена, за нега на лицето, косата и парфимериски производи, се потрошени 12,5 милијарди евра. Прометот за оваа група производи и услуги е во постојан раст и годинава ќе достигне 13,5 милијарди евра.
Италијанските граѓани посебно внимание посветуваат на негата на косата. Средувањето на косата не е само поради естетски мотиви, туку и станува суштински фактор за луѓто за градењето на психо-физичкиот баланс на личноста, пренесува „Анса“.
Италијанците за купување на производите за нега на косата, како што се шампоните, гелови, лак и боја за коса, минатата година потрошиле повеќе од една милијарда евра. Речиси 9,8 милијарди евра се потрошени за фризерски услуги или во просек 380 евра годишно за едно семсјство.
Околу 80 и 85 отсто од мажите и 35 до 40 отсто од жените во Италија имаат различни проблеми со косата. Околу 44 отсто од машката популација имаат проблем со ќелавоста, што е причина за зголемениот интерес за да се посветат за поголема нега за косата, пренесува „Новости“.
фото freepic