Финансии / Банкарство

ЦЕНТРАЛНИТЕ БАНКИ ДА БИДАТ ВНИМАТЕЛНИ СО НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТИТЕ, предупреди Кристалина Георгиева, директорка на Меѓународниот монетарен фонд

26.10.2024

Владите во земјите ширум светот треба повторно да изградат фискален капацитет, а централните банки треба да бидат внимателни за времето за намалување на каматните стапки, изјави Кристалина Георгиева, директорка на Меѓународниот монетарен фонд.

- Краткорочно гледано, фокусот на фискалната страна е непосреден приоритет. Фискалните бафери се исцрпени, но затоа фискалните притисоци се високи, изјави таа на вчерашната прес-конференција, по завршувањето на годишните состаноци на ММФ и Светската банка во Вашингтон.

Според неа, централните банки треба да „останат внимателни и да ги следат податоците за да бидат сигурни и да не ги намалуваат стапките прерано или предоцна“.

Директорката на ММФ на глобалното заседание на гувернерите на ММФ и Светската банка соопшти дека прогнозите за глобалниот раст се пониски, додека расте глобалниот јавен долг. Отплатата на каматите го земаат поголемиот дел од фискалните приходи, а посебно во земјите со ниски доходи и со пазарни економии во развој.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано