Lifestyle
ВО ПОЛСКА СЕ ЕМИТУВА РАДИОПРОГРАМА СО ВОДИТЕЛИ КРЕИРАНИ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА
25.10.2024
Радиостаница во Полска предизвика бурни реакции во јавноста откако ги отпуштила сите новинари, а потоа повторно почнала со емитување на програмата со водители кои биле креирани од вештачката интелегенција.
Станицата OFF од Краков пред неколку недели ги отпуштила новинарите, а неделава соопштила дека почнува со „првиот експеримент во Полска со новинари кои се виртулени карактери и создадени од вештачка интелегенција“. Радиото креира три ликови „аватари“ кои се дизајнирани за прилози за култура, уметност и општествени прашања.
Директорот на радиото Мартин Пулит соопшти дека сакал да добие одговор на прашањето дали вештачката интелегенција претставува подобра можност или е закана за медиумите, радиото и новинарството.
Новинарот и филмскиот критичар Матеуш Демски, кој до неодамна водеше емисија за ова радио, во отвореното писмо изразил простест „поради замена на вработените со вештачката интелегенција“.
- Ова е опасен преседан и сите не погодува, напишал Демски.
Министерот за дигитализација и заменик премиер на Полска Крзистов Гавковски изјавил дека е потребна законска рамка во која ќе се регулира примената на вештачката интелегенција.
- Иако сум поборник за развојот на вештачката интелегенција, мислам дека се повеќе се преминуваат некои граници. Широката примена на вештачката интелегенција мора да биде во корист на луѓето, а не против нив, напишал тој на својот профил на социјалните медиуми, пренесуваат медиумите во регионот.
фото freepic