Економија
БРЗ РАСТ НА ПРИКЛУЧЕНИ БАТЕРИИ ВО ЕЛЕКТРИЧНАТА МРЕЖА ВО САД
24.10.2024
Во САД забрзано се поставуваат огромни батерии кои можат да помогнат во спречување на недостигот на струја. Според федералната Управа за енергетски информации, во електричната мрежа се инсталирани батерии со капацитет од над 20 гигавати. Само во првите седум месеци годинава се инсталирани батерии со капацитет од пет гигавати. Ова е доволно за складирање на енергија во батериите, која е еквивалентна на производството на 20 нуклерани електрани, објави „Гардијан“.
Од американската Управа за енергетика предвидуваат капацитетот за складирање на електрична енергија да се зголеми на 40 гигавати до 2025 година. Најголем прогрес постигнале Калифорнија и Тексас. Брзото ширење на користењето на батериите помогнаа летово во Калифорнија да има редовно снабдување со електрична енергија, за разлика од минатите години кога имало повремени редукции или прекини во снабдувањето поради преголемата потрошувачка на струја во топлите периоди.
Предвидувањата се дека во светот батериите до 2050 година ќе обезбедуваат околу 40 отсто од сите краткорочни потреби за флексибилност во снабдувањето со електрична енергија, пренесува „Политика“.