Економија

ЕВРОЗОНАТА СО ПОВТОРНО НАМАЛУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА АКТИВНОСТ

Економската активност во еврозоната е намалена во октомври. Индексот  на менаџерските набавки (PMI) се зголеми од септемвриските 49,6 бодови на 49,7 бодови. Ова е втор месец пор ред на намалување на производните активности под 50 бода. Истражувањето спроведено од СиП Глобал и Хамбуршката комерцијална банка, покажало дека Германија и Франција се двете најголеми европски економии кои значајно придонеле за слабоста на еврозоната.

- Натамошниот пад на производните активности е надоместен од помалите подобри резултати во услужниот сектор, изјавил Цирус де ла Руби, главниот економист во Хамбуршката комерцијална банка.

Најновите економски показатели ќе ги засилат очекувањата на инвеститорите за декемвриско намалување на каматните стапки од Европската централна банка, пишува АФП.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано