Економија
ЕЛЕКТРОСТОПАНСТВО СРБИЈА ПОЧНА ПОСТАПКА ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА ДВЕ ТЕРМОЕЛЕКТРАНИ
21.10.2024
Електростопанство на Србија распиша тендер за изработка на идејно решение за потребата за конзервација и за процена на влијанието на животната средина за престанување со работа на термоелектраните ТЕ Колубара и ТЕ Морава.
Во техничката документација за тендереот се наведува дека во последните неколку години, се поголем број на термоелектрани на цврсти фосилни горива, постепено се ставаат надвор од употреба поради нивното негативно влијание на животната средина.
Овие две термоелектрани во Србија се соочуваат со рестрикција согласно со Директивата на Европската Унија со која се одредуваат еколошките стандарди за намалувањто на емисиите на штетни гасови. Според Националниот план за намалување на емисииите (НЕРП) блоковите на овие термоелектрани кои не ги исполнуваат овие услови можат да работат со ограничување од 20.000 работни часови во периодот од 2018 до 2024 година. Повеќето блокови не ги усогласија своите емиии со еколошките прописи и затоа се планира прекинување со нивната работа.
Термоелектраната Колубара има капацитет од 271 МW и претставува најстар енергетски објект во системот на Електростопанство на Србија, објави „Екапија“.
фото freepic