Економија

КЛИМА УРЕДИТЕ ЌЕ ЈА „ГОЛТААТ“ ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА, предупредуваат од ИЕА

Меѓународната агенција за енергетија (ИЕА) предупредува дека огромното зголемување на користењето на клима апаратите ќе имаат најголемо и непредвидливо влијание на светската електрична мрежа во наредната деценија.

Потрошувачката на електрична енергија за овие апарати ќе порасне во земјите во развој поради климатските промени. ИЕА во својот главен извештај „Светскиот енергетски преглед“ ги зголемува прогнозите за потрошувачката за електрична енергија која ќе порасне за шест отсто до 2035 година.

За користењето на клима уредите до 2030  година  ќе бидат потребни дополнителни 697 терават часови  (TWh) електрична енергија. Употребата на електрични возила ќе бараат дополнителни 854 TWh.

Фатил Бирол, директор во ИЕА, нагласува дека многу носители на одлуки во енергетиката не сфаќаат колку  клима уредите се клучни за потрошувачката на електрична енергија на глобално ниво.

Во САД и во Јапонија 90 отсто од домаќинствата  имаат клима уреди, а во Нигерија само пет отсто, во Индонезија  15 отсто и во Индија помалку од 20 отсто. Со порастот на приходите и со поголемото влијание на климатските промени, се повеќе луѓе ќе купуваат клима уреди, што ќе биде и главен фактор на раст за потрошувачката на енергија, пренесува Б92.


фото freepic   

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано