Економија

ВЛАДАТА ВО БЕРЛИН ОБЈАВИ: ПАД НА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ОД 0,2 ОТСТО

Владата во Берлин денеска ја објави прогнозата во која се наведува дека економијата на Германија  годинава ќе забележи пад за 0,2 отсто. Економскиот пад е продолжување на минатогодишниот негативен раст на економијата од 0,3 отсто. Новата прогноза е дека германската економија ќе расте за 1,1 отсто во 2025 година и ќе го забрза растот на 1,6 отсто во 2026 година.

Прогнозата е ревидирана надолу во однос на април кога германскиот министер за економија Роберт Хабек очекуваше раст од 0,3 отсто во 2024 година.

Министерот Хабек во соопштението за јавноста наведе дека Германија ќе мора итно да ги решава своите структурни проблеми, како што е недостиг на енергетска безбедност, преголема бирократија и недостатот на квалификувани равботници. Дополнително, неповолно влијание има и геополитичката неизвесност, пренесува „Еуроњуз“.


фото freepic   

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано