Lifestyle
ГЕРМАНСКИТЕ ОПШТИНИ ОСТВАРИЛЕ ВИСОК РАСТ НА ДАНОЧНИТЕ ПРИХОДИ ОД КУЧИЊА! Околу 10,5 милиони кучиња се чуваат во германските домаќинства
09.10.2024
Приходите од данокот на кучиња во Германија минатата достигнаа највисока вредност од 421 милион евра, а германските градови и општини собрале 1,6 отсто повеќе средства од минатата година, објави Сојузниот завод за статистика, по повод Светскиот ден на кучиња, кој се одбележува на 10 октомври.
Приходите од данок на кучиња расте во последните десет години, а во овој период се зголемиле за 41 отсто. Но зголемениот приход не значи и зголемување на бројот на кучиња. Висината и структурата на даночната стапка ја утврдува секоја општина. Висината на данокот зависи од бројот на кучиња во домаќинствата.
Во 2023 година околу 10,5 милиони кучиња се чуваат во германските домаќинства, покажало истражувањето на Централното здружение на пет шопови (ZZF) и Индустриското здружение за домашни миленичиња (IVH).
Цените на храната за кучиња и мачки во 2023 година се зголемиле во просек за 17 отсто, а инфлацијата изнесувала 5,9 отсто, пренесува „Сеебиз“.
фото freepic