Економија
ГЕРМАНИЈА СО ТРГОВСКИ СУФИЦИТ ВО АВГУСТ, германскиот извоз во Русија се намали за 9,5 отсто
09.10.2024
Трговскиот суфицит на Германија во август се зголеми на 22 милијарди евра, објави денеска Сојузниот завод за статистика (Дестатис).
Вредноста на германскиот извоз во август на месечно ниво порасна за 1,2 отсто на 131,9 милијарди евра, што претставува најголема вредност за последните три месеци. Извозот во земјите од Европската Унија се зголеми за 0,8 отсто, во САД за 5,5 отсто, а извозот во Кина за 1,9 отсто.
Вредноста на германскиот увоз во август на месечно ниво се намали за 3,4 отсто на 109,4 милијарди евра. Увозот од земјите во ЕУ е намален за 3,4 отсто, а од другите земји за 3,7 отсто.
Во август германскиот извоз во Русија се намали за 9,5 отсто, а увозот од Русија е намален за 29,1 отсто, пренесе „Политика“.
фото freepic