Lifestyle
ГЕРМАНЦИТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ЛИЧНИТЕ ФИНАНСИИ, НО СЕ ВОЗДРЖУВААТ ДА ТРОШАТ ВО РЕСТОРАНИ И НА ОДМОР
05.10.2024
Потрошувачите во Германија според личната перцепција се во добра финансиска состојба, но сепак се многу воздржани во носењето на одлуки да ги потрошат парите. Околу 70 отсто од испитаниците изјавиле дека се принудени да ги редуцираат планираните трошоци поради цените. Некои се и принудени да се откажат од купувањата, покажало истражувањето на институтот ЈуГов. Во февруарското истражување за расположението на германските потрошувачи овој дел учествувал со 67 отсто.
Германците најчесто се откажуваат од одењето во ресторани и на одмор и тоа го прават 32 отсто односно 30 отсто од анкетираните лица.
Во новите истражувања расте поволната оцена на Германците за сопствената финансиска состојба. Околу 67 отсто од граѓаните сметаат дека имаат добра финансиска состојба, наспроти 63 отсто во февруари. Поголем оптимизам има кај потрошувачите на возраст од 18 до 29 години, пренесува „Инвеститор.ме“.
фото freepic