Економија

ПОПЛАВИТЕ ГО ЗГОЛЕМИЈА БУЏЕТСКИОТ ДЕФИЦИТ НА АВСТРИЈА

03.10.2024

Буџетскиот дефицит на Австрија во 2024 година ќе биде повисок од три отсто од БДП и со тоа ќе ги прекрши фискалните правила на Европската Унија. Причината за зголемувањето на буџетската дупка е поради зголемената потрошувачка за санирање на последиците од поплавата и послабите економски резултати.

Министерството за финансии на Австрија очекува дефицитот во државната каса да се зголеми од 2,7 отсто во 2023 година на 3,3 отсто од БДП.

Новата влада која се уште не е формирана, по одржаните избори на 29 септември, ќе мора да ги намали буџетските издатоци.

Годишната стапка на инфлацијата во Австрија во септември прелиминарно се намали на 1,8 отсто од августовската инфлација од 2,4 отсто, пренесува „Политика“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано