Lifestyle

САМО ТРЕТИНА ОД МИЛИОНЕРИТЕ СЕ ЧУСТВУВААТ БОГАТО! Зошто милионерите никогаш не се задоволни од својата финансиска слика

02.10.2024

Многу Американци веруваат дека мораат да  заработат одредена сума за да се чуствуваат како богати, но и по остварувањето на одреден милионски износ во долари,  тие не се задоволни од својата финансиска состојба, предупредуваат од Институтот за финансиска психологија.

- Заблудата се состои во тоа дека тие си поставиле одредена сума и кога луѓето ќе ја достигнат, наеднаш се чуствуваат богато. Богатството е субјективно искуство и повеќе од тоа колку пари поседувате, изјави Чарлс Чафин, соосновач на Интитутот.

Како што вели тој за ЦНБЦ, милионерите не се чуствуваат секогаш  добро финансиски. Тоа го потврдува и неодеамнешната студија на компанијата „Northwestern Mutual“ за 2024 година, во која се покажало дека само 32 отсто од американските милионери се сметаат за богати!  

Една од причините за ваквото однесување на богатите  е откако ќе станат милионери тие имаат тенденција да бидат „внимателни со парите“, појаснува Чафин.

- Тие ја следат својата потрошувачка и тоа е еден од нивниот голем успех. Но, проблемот е во тоа што чуствуваат не се секогаш сигурни во остварениот имот, појаснува Чафин.

Доколку сте во можност секојдневно да ги покривате своите потреби и имате обезбедено фонд за итни случаи, големи се шансите да бидете финансики посигурни. Но доколку и натаму не се чуствувате задоволни со својата финансиска слика, тогаш е време  повторно да процените како ви изгледа финансиската состојба, советува Чарлс Чафин, пренесува „Бизлаив“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО